Следи нѐ
To Top

Вечерва мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“

Осмото издание на традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи вечер во Градскиот парк во Скопје. 

Годинава, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“ во кој пред  присутните ќе исполнат хитови, дел од најпознатите филмувани мјузикли.

реклама

Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, а солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс.

Следејќи ја традицијата, и овој пат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат двајца ликовни уметници. Годинава честа за тоа им припадна на сликарите Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.

На настанот ќе бидат поделени и 20.000 примероци од книгата „Фигури“ од новелистот и поет, Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19 век.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.