Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Времето денес: Претежно сончево и топло, од утре повторно дожд и грмежи!

Актуелно

Времето денес: Претежно сончево и топло, од утре повторно дожд и грмежи!

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, на планините со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 16 степени, а дневната од 23 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Утре попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а потоа ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.