Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Најголемите хитови кои оваа година ќе бидат изведени на „Егзит фестивалот“

Овогодишната програма на „Егзит“ Авантурата е една од најсилните и најактуелните во изминатите 15 години од првиот „Егзит“ одржан на Петровадаринската тврдина.

Во прилог на тоа говори и фактот дека, како никогаш досега во една година, програмата на „Егзит“ од 9. до 12. јули, односно „Си Денс“ фестивал од 15. до 18. јули, е сочинета од хедлајнери кои сите повеќекратно ги освојувале првите места на најважните светски топ листи.

реклама

До самиот врв на листата за најдобри синглови и албуми стигнуваа во низа Емели Санде, „Д Продиџи“, „Феитлес“, Роишин Марфи, „Моторхед“, „Рудиментал“, Џон Њуман, Том Одел, „Клин Бандит“, Мартин Гарикс, Сигма, Лефтфилд и Оливер Хелденс, додека своето место во првите 10 го забележаа и Милки Ченс, „Капитал Ситис“, Голди, Рони Сајз, Вилкинсон, Клангкарусел и други.

А да, тука е и човекот кому топ листите не му се потребни за да има десетина хитови кои публиката хорски ќе ги пее на 11. јули на Егзит – Ману Чао!

И сите тие се на програмата на овогодишната „Егзит“ Авантура која пред 33.000 луѓе во Белград ја покрена Роби Вилијамс, најнаградуваниот британски и еден од најбараните светски пејачи на сите времиња!

За сите кои сакаат да учествуваат во наградната игра, доволно е да одат на „Фејсбук“ страницата на „Егзит“ Фестивал и да го споделат ова видео со своите пријатели. Повеќе информации тука.

Влезниците за „Егзит“ ќе чинат 3599, за „Си Денс“ 2550 денари и 4299 денари за целата „Егзит Авантура“, само до 30. јуни, по што нивната следна цена ќе биде поскапа.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.