Следи нѐ
To Top

Времето денес: Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне  облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи.

Утринската температура  ќе се движи од седум до 15, а дневната до 26 до 32 степени.

реклама

Во Скопје претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Повремен дожд ќе има и во текот на ноќта.

Утринската  температура до 11, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Слаби врнежи ќе има и во четврток претпладне, а попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, вдолж Повардарието на моменти засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање

Во петок ќе преовладува претежно стабилно време со умерен северен ветер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.