Следи нѐ
To Top

Замина првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Првата група деца од семејства од социјален ризик денеска заминаа на бесплатен летен одмор во Струга. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија. 

– Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100-тина деца од Скопје и Куманово. И на секои седум дена се до крајот на август ќе се реализира овој преокт со што ќе се опфатат дополнителни 2.000 деца, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ,кој ја испрати првата група деца на бесплатен одмор од скопската меѓуградска автобуска.

реклама

Тој додаде дека проектот за бесплатен летен и зимски одмор за децата од семејствата во социјален ризик се реализира од 2012 година и оти досега оваа поволност ја имаат искористено 9.000 семејства  во социјален ризик, а заклучно со годинава ќе ја имаат искористено 11.000 деца.

Со проектот на летен одмор се испраќаат 2.000 деца, а на зимски 1.000 деца. За реализација на проектот се обезбедени средства од Буџетот во висина од 12 милиони денари од кои за летниот одмор 8 милиони, а за зимскиот 4 милиони денари.

Министерот Спасов најави дека покрај низата поволности кои Владата ги реализира за примателите на социјална и постојана парична помош како континуираното зголемување на паричната поддршка на ранливите групи граѓани ќе продолжат и со низа вакви проекти, бидејќи, како што рече, им помагаме на оние кои што се во најтешка состојба и кои можеби немаат доволно средства да ги испратат своите деца на одмор.

Сузана Тунева Пауновска,  секретар на Црвениот Крст истакна дека годинава се вклучени со 55 волонтери од 10 општински организации кои ќе се грижат да направат добар одмор кој ќе им остане на децата во сеќање.

– Ќе организираме голем број рекреативни и едукативни сесии, а заедно со спасителите од Црвениот крст во Струга ќе се грижиме за нивната безбедност на плажа и сите оние кои не знаат да пливаат да им се помогне да научат, рече Тунева Пауновска и додаде дека секоја година се се подобри во организирањето на летувањето на овие деца.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.