Следи нѐ
To Top

Осум повредени во 12 сообраќајки за 24 часа во Скопје

Две лица се тешко повредени, а шест се здобиле со полесни повреди во 12 евидентирани сообраќајки на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Од вкупниот број  сообраќајни незгоди  пет се со последица материјална штета.

Во тек на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од кои 10 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум не користеле безбедносен појас или користеле мобилниот телефон при возење, а шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак поминале на црвено светло на семафорите за пешаци. Покрај покана за наплата на глоба, издадена им е и покана за сообраќајна поука.

реклама

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 37 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ која се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

СДСМ со почеток во 18 часот ќе организира протестен марш по сообраќајниците во централното градско подрачје. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот во зависност од моменталните состојби.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.