Следи нѐ
To Top

Утре и задутре второ прскање против комарци

Градот Скопје ќе изврши второ авионско и терестрично прскање против комарци.

Авионското прскање ќе се изврши утре и задутре во периодот од 5.30 до 8.00 часот, додека аеросолната дезинсекција ќе се одвива од 28 јуни до 2 јули во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.

реклама

Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчеларите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.