Следи нѐ
To Top

ФОТО: Голем интерес за театарот на отворено во скопски Аеродром

Пред бројна публика со претставата „Шума“ на струмичкиот театар „Антон Панов“ вчера, 23.6.2015 година, на отворената сцена на игралиштето во фудбалското игралиште во Реонски центар „Аеродром“, продолжи вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Денеска, 24.6.2015 година, на репертоарот е комедијата „Од кол на кол“, најизведувана претстава на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, претстава создадена од мајсторот за хит-комедии Коле Ангеловски, според текст на еден од најпоставуваните автори Реј Куни. Оваа изведба на „Од кол на кол“ ќе биде 101-ва изведба на претставата.

реклама

Инаку, Фестивалот на комедијата трае до 30-ти јуни, чии претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот е бесплатен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.