//
Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Елена Ристеска ве кани на „Златните денови“ во Кратово

Уште само еден ден до стартот на Златни Денови Кратово 2015. Градот кој овој викенд ќе ги обедини сите љубители на одличната забава и музика од цела Македонија.

Само за потсестување, во петок забавата на главната бина започнува од 20:30 до 22:30 часот како вечер посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.

реклама

Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Х ФАКТОР,Боби Мојсовски, Давид Темелков, ИВА и Night Control, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија. Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на Куку Леле.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01:00 часот ќе настапат ДЈ Бранчез, ДЈ Жак и ДЈ Кокс.

Следниот ден дневната програмата продолжува пред платото на Музејот на Град Кратово, каде ќе настапат: Тамбураши, Чалгии како и локални музичари.

Потоа настанот се префрлува на главната бина, каде во вечерните часови од 20:30 ќе настапи најекспонираниот етно состав во овој момент кај нас, Чалгија саунд систем.

Веднаш потоа е настапот на уште една македонската поп ѕвезда поранешна наша претставничка на Евровизија, Елена Ристеска која всушност ќе биде жешка најава за вистинската саботна треска која на главната сцена ќе биде додатно вжештена со настапот на човекот со најголем број хитови, Бајага и Инструктори.

И оваа вечер најиздржливите ќе можат да уживаат во забавата на базенот во Кратово, каде што по 01:00 часот за атмосферата ќе бидат задолжени ДЈ-Боби и ДЈ Жак.

Последниот ден, во недела во 12:00 часот напладне пред платото на Музејот на Град Кратово ќе настапуваат хорот и солисти на Златно Славејче заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски, а по нив манифестацијата ќе продолжи на малата сцена пред домот на културата.

11071147_1670005026565634_1200593365828703709_n

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: