Следи нѐ
To Top

Принцот Џорџ го врати модниот тренд: Обуквите „Крокс“ се повторно во мода

Принцот Џорџ, син на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, во последно време стана вистинска модна икона, а тоа најдобро се потврдува со фактот дека секоја модна комбинација во која се појавува во јавноста во миг може да предизвика распродажба во Англија.

Пред него за тоа беше заслужна неговата мајка, Кејт Мидлтон, па фустаните која таа ќе ги облечеше за час ги снемуваше од полиците на продавницата.

реклама

Исто така, и Џорџ на сличен начин влијае на јавноста. Принцот неодамна се појави на еден поло фестивал во сандали со марка „Крокс“ кои уште од нивното лансирање на пазарите носат титула за најгрди чевли во светот.

baby-george-crocs[1]

Малиот принц го носеше моделот „Kids Krokbend“ кој чини 27 фунти (околу 38 евра).

Продажбата на Крокс обувките порасна за неверојатни 1.500 отсто откако неговите фотографии го свртеа светот, објави компанијата Амазон.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.