Следи нѐ
To Top

Времето денес: Сончево, со умерен северен ветер и услови за дожд попладне

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален дожд, особено во северните делови од земјата.  

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 19 до 26 степени.

реклама

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во сабота ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, а во претпладневните часови се уште наместа ќе има услови за повремен дожд. Во текот на денот во сабота ќе има намалување на облачноста. Дневната температура ќе се движи меѓу 21 и 28 степени.

Потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи, а температурите ќе бидат во постепено покачување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.