Следи нѐ
To Top

Кратово е подготвено за „Златните денови“

Уште само неколку часа до почетокот на Златни Денови Кратово. Се е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место.

Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите. Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто овие денови треба да се биде во Кратово.

реклама

Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.

Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Х ФАКТОР, Боби Мојсовски, Давид Темелков, ИВА и Night Control, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија, Даниел Кајмакоски.

Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на Куку Леле.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01:00 часот ќе настапат  ДЈ Дела,  ДЈ Жак и ДЈ Кокс.

Директен пренос од Златни Денови Кратово ќе има на Сител Телевизија.

За детални информации може да ја погледнете и Фејсбук Фан Страната на Златни Денови Кратово 2015, https://goo.gl/vBU3ni

Само за потсестување, Златните Денови Кратово започнуваат на 26-ти и траат се’ до 28-ми јуни. Сите правци викендот водат кон Градот на мостовите и кулите, Кратово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.