Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Илјадници присутни на романтичниот настап на „Нокаут“ под свеќи

Парк Резиденс во соработка со Фон Универзитет ја организираа 5. по ред „Фабрика на знаење“ и самиот настан кој се одржа вчеравечер беше еден од најголемите настани кои ќе ја одбележат оваа 2015 година со илјадници присутни. Настанот се оддржа во дворот на Парк Резиденс и Брик Бар, во пријатна и романтична атмосфера.

Оваа петта, јубилејна година вклучува нови 120 студенти, 20 професори и асистенти, во пет нови проекти по два конкурентни тима кои вчеравечер ги претставија на јавноста своите решенија пред нарачателите од реномираните деловни субјекти.

реклама

DSC_9196

Студентите на ФОН Универзитетот го презентираа она што го знаат и умеат, а потоа следеше и шлагот на вечерта, односно целовечерниот акустичен концерт на Нокаут.

Интересни детали го проследија целиот концерт и настан, присутните се разладуваа со нивниот омилен пијалок додека гладните беа изненадени со хот дог. Крајот на вечерта беше украсен со лентерни кои беа пуштени во небото, а присутните воодушевени уживаа во приредените изненадувања.

Парк Резиденс вложува во младината и нејзината иднина и се надева дека ќе биде дел од уште многу вакви настани понатаму.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.