Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Бонвивани, кралеви на развратот низ историјата

Римското царство пропаѓа, но не само поради развратот на декадентната римска империја. Факт е дека „мамурлукот“ од ноќните оргии, баханалии и пијанки тешко го одржува царството под контрола, па сепак хедонизмот не бил единствениот фактор за распад. Лошата политика и екстремистичките религии можат да бидат поопасни од хедонозмот или бонвиванството!

Од многуте сладострастници на земните задоволства од минатото, еве неколку „кралеви или кралици на развратот“ кои историјата ќе ги круниса како бонвивани, но дали е баш така?!?

Клеопатра

Гледајќи го високобуџетниот филм Клеопатра со веќе починатата дива виолетови очи, ја добивме митската слика за египетската кралица како вистинска убавица. Но историјата има своја вистина, Клеопатра била далеку од убавица. Една од најголемите заводнички во историјата освен што имала огромен нос, имала и огромни фрустрирачки моменти низ животот,како мажачката за дванаесетгодишниот брат, симнување од престолот, убиство на мажот – брат и повторна мажачка за вториот брат! Со својот веќе оженет љубовник, Јулиј Цезар поминува неколку секси години во Рим.

Откако Цезар ќе биде избоден со нож испуштајќи го последниот крик , симбол за предавство „зарем и ти синко Брут“ Клеопатра се враќа во Египет да го отруе својот последен маж – брат. Со розови едра, сребрени весла, облечена како Венера, со сите свои перформанси во кревет и афродизијачки тајни,го освојува Марко Антониј. Нивната венчавка и самопрогласување за божества го разбеснуваат Рим. Војната избива, Антонио и умира на раце , а таа решава да се убие со змија отровница на својот златен кревет… Зарем ова е квалитетен и среќен живот?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Малку за хедонизмот…

Калигула

И овој историски лик ќе биде овековечен на филмското платно благодарение на режисерот Боб Гучоне, прославен како порно sвезда (какво тематско совпаѓање). Неговото име во превод значи „чизмички“ кои му се омилени обувки во детството, го наследува престолот како внук на Тибериј, но Рим доцна ќе сфати за каков лудак се работи ( лудаците секогаш крајот ги признава)!

Страсна љубовна врска со родената сестра Друзила, мајстор за организирање на најразвратните оргии во историјата каде редовно спиел со кого ќе стигне, секако и со жените на поканетите гости, покажувајќи гест на гостопримство. Во врвот на лудилото се прогласува за господ, а својот коњ за конзул! Некој му завидува на таквиот живот?!?

Катерина Велика

Омажена за вистински идиот Петар III, германската принцеза 10 години живее како маченица но со титула на принцеза. После долги години апстиненција, ќе го натера мажот да абдицира и ќе го исфрли од тронот но и од креветот кој им служел само за длабоко спиење. За време од 34 години владеење, ќе ја искористи кралската моќ за сексуална супериорност. Ќе ужива во културата, уметноста, префинетоста, но и мускулестите млади мажи и … дури и коњи!

Но никој не може со сигурност да докаже дека била бестијална и умрела од коњска повреда. Каков крај, а велат крајот делото го краси!

Џорџ IV

Принцот од Велс, важел во историјата како типичен бонвиван, згоден, комуникативен, добар соговорник и танчер (нешто како Евгениј Онегин од истоимениот роман на Пушкин) но растел  покрај невротична (читај луда) мајка.

Се навлекува на опијати, алкохол и коцка, а на неговите неверства, сопругата Каролина жестоко му враќа со неверства (демократија на дело). Умира после 7 години владеење достојно за потсмев! Хммммм, бонвиван или негова пародија?!?

Ете малку за бонвиванството во едно минато свршено време, со оставен простор за размисла: „колку е поубав едноставниот живот на обичните смртници“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјуни 26, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјуни 26, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјуни 26, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.