Следи нѐ
To Top

Трајче Георгиев ќе се бори за првото место во суперфиналето на „Пинковите ѕвездички“

Во суперфиналето кое ќе се одржи на 4. јули, нема да настапат Никола Миленковиќ и Ирина Арсенијевиќ. Тие синоќа добија најмалку гласови и го напуштија натпреварувањето.

Кој ќе биде Пинкова ѕвездичка одлучува публиката со СМС гласање, кое е отворено секој ден до суперфиналето.

реклама

Младиот македонски музички талент Трајче Георгиев настапи трет со песната “If I Ain`t Got You”, од Alicia Keys.

-Екстра. Мрак си мацо. Бескрајно ми е драго што Македонија испратила ваков талент, рече Гоца Тржан.

-Додека ти пееш, се чувствуваат искрички. Ти имаш навистина магија и Божји дар во гласот. Не треба ништо многу да зборуваме, прекрасен си, рече Јелена Томашевиќ.

Тој е како некој накит со бисер. Богатство, тоа е Трајче, рече Леонтина за неговиот настап.

Во суперфиналето покрај нашиот Трајче ќе настапат и Матеја, Јован, Игор, Павле, Марија, Лена и Ирина.

Синоќа во ревијалниот дел од шоуто Пинкови ѕвездички што директно се емитуваше на програмата на Сител, заедно со младите таленти пееја и судиите: Милан Станковиќ, Јелена Томашевиќ, Гоца Тржан и Хари Варешановиќ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.