Поврзи се со нас

Популарно.мк

Дводневно шопинг искуство до полноќ: Late Night Shopping во Скопје Сити Мол!

МК Сцена

Дводневно шопинг искуство до полноќ: Late Night Shopping во Скопје Сити Мол!

Најголемото шопинг искуство ќе може повторно да се доживее, во најголемиот шопинг центар во Македонија.

Традиционално и оваа година Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржи на 3-ти и 4-ти јули 2015 година.

Секоја година со се’ побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во кој сите продавници работат до полноќ, настан каде што шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.

Покрај уживањето во своите омилени брендови, по намалени цени, посетителите ќе може да се опуштат во дводневната програма која нуди забава за буквално сите вкусови. Многу музика, мода, танцување со професионалци, коктели, како и најголемото модно Beachwear Show– ревија на досега невидена сценографија каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се најпотребен дел од гардеробата за овој период.

За музиката и забавата ќе бидат задолжени Тумбао Салса Бенд, Contry Dj, Азафран Микс, The Sound Messengers, како и бројни танцови групи.

Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.

Ги повикуваме оние кои се спремаат за летото, на 3ти и 4ти јули да дојдат во Скопје Сити Мол да уживаат во програмата до полноќ и попустите кои ги нудат брендовите во најголемиот шопинг центар во Македонија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.