Следи нѐ
To Top

Убавина од која застанува здивот: Долина на пеперутките во Турција

Сместена на славниот Ликијски пат, Долината на пеперутките се протега на 86.000 квадратни метри, а до неа е можно да се дојде единствено со чамец или со брод.

Турската Влада во 1987 година на локацијата и го додели овој назив, кога било одлучено локалната флора и фауна да се стават под заштита на државата.

реклама

Станува збор за природно живеалиште на повеќе од 100 различни видови пеперутки, кои е можно да се видат само во одреден временски период, меѓу јуни и септември. Една од најистакнатите секако е портокалово црно-белата Euplagia quadripunctaria. Освен пеперутки научниците забележале и присуство на 147 растителни видови.

Посетителите денеска овде можат да преноќат исклучиво во шатори или во старите истрошени куќарки, а освен во кампувањето, можат да уживаат и во бројните активности, како што се пешачење, возење кану, нуркање и друго.

Butterfly-Valley-Turkey614[1]

Во период од осум месеци годишно, меѓу април и ноември, плажата е населена од група модерни хипици и следбеници на јога. Кога сонцето е на зајдување, оние кои се откажале од луксузот, на блиската плажа Олудениз можат ноќта да ја минат под отворено ѕвездено небо.

За некои Долината на пеперутките е место на кое со задоволство го минуваат годишниот одмор, бегајќи од градската турканица и бучава, додека други ја сметаат за идеална шанса за еднодневен одмор. Која опција и да ја одберете, едно е сигурно – заради одлуката да го посетите ова место секако нема да зажалите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.