Следи нѐ
To Top

Дали Фејсбук експериментира со фотографиите со филтер со боите на виножитото?

Откако САД во петокот ги легализираа истополовите бракови, Фејсбук на своите корисници им даде можност да го прослават овој чин со поставување филтер со боите на виножитото на фотографиите на нивните профили.

Како и што се очекуваше, за кусо време Фејсбук беше преплавен со фотографии со боите на виножитото, но експертите предупредуваат дека зад целата оваа приказна за солидарност, всушност стои нова алатка со која социјалната мрежа спроведува екпсеримент.

реклама

Според нив, станува збор за истражувања за тоа како идеите се шират преку социјалните мрежи, што најверојатно нема никаква врска со промовирањето на човековите права.

И досега беше познато дека Фејсбук ги користи информациите за корисниците и нивните навики, но според експертите, во овој случај станува збор за специфична ситуација, бидејќи социјалната мрежа прв пат прави посебна алатка за промоција, поддршка или одбележување на некој настан.

По ваквите предупредувања на експертите, се огласи и Фејсбук, нагласувајќи дека не се работи за никаков експеримент, ниту за тестирање.

Сепак, Фејсбук не ги негираше тврдењата дека со помош на новата алатка следи кој од неговите корисници ја поддржуваат легализацијата на геј браковите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.