//
Следи нѐ
To Top

Тест на издржливост: Колку „ајфони“ се потребни за да се запре куршум

Насловна фотографија: Принтскрин / ЈуТуб

Ниту еден друг мобилен телефон не бил толку подложен на тортура како „ајфон“.

реклама

Многумина испитувале дали може да издржи паѓање на бетон, во вода, оган… Сепак, сигурни податоци „за отпорност на муниција“ нема.

Верувале или не, момчињата кои објавуаат видео – снимки на Јутјуб  под наслов EverythingApplePro имаат одговор и на прашањето колку „ајфони“ се потребни за да се запре куршум од пушка „AК-74“.

Во тестот се наредени модели од  „ајфон 6+“ и за секој случај „samsung galaksi S6 – вкупно осум паметни телефони.

Тие не очекуваа куршумот да пробие повеќе од четири телефони, но првиот куршум беше запрен дури од петтиот телефон. Кога целеа кон центарот на уредот, за истиот испукан куршум од исто растојание сепак беше потребен еден телефон повеќе.

За да ви го спасат телефоните животот доколку некој пука во вашиот правец, во џебот морате да имате пет „ајфони“, порача авторот на снимката.

„Важноста“ на овој тест најдобро ја опиша еден корисник кој напиша дека ќе се обрати до компанијата „Епл“ со барање да го реши проблемот во „ios 9“ затоа што на него секогаш пукаат токму од пушката „Ak74“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: