//
Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Промоција на новиот албум на групата „Eye Cue“

Вчера групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“ во издание на Горила Продукција. Промоцијата се одржа во пивница „Стар Град“ под Kале.

На промоцијата присуствуваа голем број пријатели, новинари и колеги меѓу кои: Никола Перевски – Пере, Сара Мејс, Теа, Леа и голем број музичари.

реклама

На албумот се најдоа 11 композиции меѓу кои и големите хитови (Боби баш ми е гајле, Колку Пати, Иста Патека, Не заборавај) кои ги одбележаа EYE CUE изминатиот период. EYE CUE во живо отсвирија неколку нови композиции и веќе прочуените хитови.

EYE CUE на присутните им го поклонија својот албум „Само Сакав“ со по некој автограм и ја најавија својата концертна турнеа, која започува со настапи по дискотеки и клубови во месец Јули, а во вториот дел од летната сезона по општински настани поддржани од „Министерство за култура“ и голем број реномирани фестивали (10.08 Градски плоштад – Крушево, 14.08 Градски плоштад – Ресен, 15.08 Струмица Опен фест, 29.08 Градски плоштад – Берово, 05.09 Пиво Ленд – Скопје) и многу други. За крај EYE CUE и Горила продукција најавија и трет Албум и голем концерт во 2016 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

  • Hooverphonic доаѓаат во Скопје!

    Концертот на извонредниот трип хоп бенд HOOVERPHONIC кој ќе се одржи во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја, која е...

    Информативна Редакцијајуни 30, 2015
  • Фестивалот Егзит ве потсетува на летото (ВИДЕО)

    Денеска сме на точно половина пат од изминатиот до следниот Exit, а сѐ уште актуелниот носител на титулата најдобар европски фестивал...

    Информативна Редакцијајуни 30, 2015
  • „Диско треска“ вечерва во МОБ

    „Диско треска“ е насловот на концертите кои денеска и утре од 20 часот ќе се одржат во Македонската опера и балет...

    Информативна Редакцијајуни 30, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: