Поврзи се со нас

Популарно.мк

Џастин Бибер во новиот спот прашува: Каде си Селена?

Сцена

Џастин Бибер во новиот спот прашува: Каде си Селена?

Џастин Бибер конечно го објави спотот за својата последена песна „Where Are U Now“.

Видеото за песната, која е нешто поинаква од вообичаениот музички опус на Бибер, настана во соработка со Скрилекс и Дипло, но она што дополнително привлече внимание е една секвенца во спотот во која се појавува името на поранешната девојка на тинејџерската ѕвезда, Селена Гомез.

Имено, во спотот се прикажани луѓе кои влегуваат во галерија каде се наоѓаат слики на Џастин и цртаат преку нив. Во еден момент во овој, во голема мерка психоделичен спот, се појавува пораката: „Where r now, Selena“.

По ова се огласија злобниците, кои посочија дека очиглено погрешно мислиле оти љубовната драма на Џастин со Селена конечно е завршена.

На прашањето дали со ова сакал да и испрати порака на Селена, Џастин одговори дека сите цртежи во спотот се дело на неговите фанови, а не негови лични пораки.

Бибер сепак призна дека песната ја напишал во текот на „тежок период од животот“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.