Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Сексуална комуникација

Сексот терминолошки има лош имиџ затоа што се во врска со сексуалноста се врзува исклучиво за физичкиот чин, па и сексуалната комуникација некој би ја сфатил како сексуално општење или разговор кој сигурно води во кревет, туѓ или свој сеедно, оти кога некој зборува за сексот мисли на секс!

Сексуалната комуникација кај нас е проблематична тема и често предизвикува бурни коментари и различни поимања на нејзината суштината, секој со својата вистина или фрустрација. Најголемиот проблем е што се залажуваме дека не ни треба едукација и сосема е доволно животното искуство!

На пример, една моногамна жена со едно партнерско искуство или маж за цел живот, врска нема со проблематиката, а сексуалните работнички би му дошле како експерти, практично солидно „образовани“!!!

Ако не ни треба, зошто го имаме приматот во Европа со абортуси на малолетнички и се поголем број на заболени од сексуално преносливи болести? За инфарктите доживеани поради несоодветно користење на вијагра никој јавно не проговорил, а и не треба , интимноста е светиња, но затоа се оди на лекар за совет.

Сексуалноста е многу важна за севкупниот психофизички развој на човекот, но предрасудите се проблемот при комуникацијата дури и со стручните лица. Особено женскиот род не бара помош за сексуалните дисфункции. Мажите за своите сексуални проблеми се обраќаат за помош, често и зборуваат на таа тема , но уште почесто додаваат по „два сантиметри“!

Статистички (а многу тешко се доаѓа до статистички податоци на оваа тема) 10% од жените се аноргазмични, 50% ретко доживуваат оргазам со мажите, почесто со самозадоволување. Истражувањата покажуваат дека 87% образовани жени мастурбираат, а само 42% средношколки и кој би признал такво нешто во јавна анкета?

Цивилизацискиот развој низ историјата носи свои сфаќања за сексуалноста и сексуалниот нагон (стар колку и човекот), но од древната Грција до денес нема баш некој рапиден развој на научна база. Хеленската митологија дава митско и мистично објаснување на сексуалноста преку боговите, врвниот бог Зевс ја има таа „привилегија“ да општи со сите богињи, хетери, нимфи и обични смртници и покрај официјалната жена, љубоморната Хера која ги казнува сите свои ривалки оти и се може. До денешен ден, сон на многу мажи е да имаат свој харем :)

Митската приказна за спојувањето на Хермес и Афродита во Хермафродитот денеска е вистината за трансвестите кои не се само митови. Митовите за инцести, Едипов комплекс, комплекс Електра, бестијалноста, некрофилија, копрофилија, педофилија… за жал, во овој цивилизиран 21 век се уште се прилично присутни!

Обидите на многу интелектуалци да го пробијат обрачот зад кој исплашено се крие сексуалноста, почнувајќи од проф. Аца Костиќ од чии книги „Полно сазнање“ учевме скришно, се уште наидуваат на неразбирање, или погрешно разбирање.

Лошиот секс може да стане добар ако побараме стручна помош и заборавиме на митовите од типот „колку поголем толку подобар“, мастурбацијата е штетна по здравје“ (може ако се претера и стане единствена солуција), „од контрацепцијата растат влакна“ или „со пазење може да се заштитиш од несакана бременост“…

Сексуална едукација или комуникација ни треба на сите, затоа што лошите сексуални искуства оставаат трајни последици кои тешко се лекуваат!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјуни 30, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјуни 30, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјуни 30, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.