Следи нѐ
To Top

Бритни Спирс и Иги Азалија се искараа поради неуспехот на нивната нова песна

Бритни Спирс и Иги Азалија очекуваа многу од нивната заедничка песна „Pretty Girls“ („Убави девојки“), но кога успехот изостана, тие почнаа јавно да се расправаат.

Така во текот на одговарање на прашања на фановите на Твитер, Иги вината за „неуспехот“ и ја префрли на Бритни. Таа е убедена дека поп-принцезата не се потрудила ни најмалку околу промовирање на нивниот дует.

реклама

– Тешко е да се донесе песна на врвот без дополнителни промоции и настапи на телевизија. За несреќа, ја сум само придружен вокал, напиша Иги.

Таа додаде дека уживала пеејќи ја „Pretty Girls“, особено на почетокот затоа што, според неа, песната била добро прифатена.

– Во 2015 година ви се потребни и дополнителни работи за да се натпреварувате со други, заклучи Азалија.

Кога некои фанови на Бритни ја нападнаа дека таа е „виновна за се“, Иги возврати: „Мојот коментар е факт и важи за секоја песна. Не морам да и го лижам задникот за да и бидам пријателка, зарем не. Збогум!“.

– Не напаѓам никого, се што реков беше дека би сакала заедно повеќе да ја промовиравме песната, но тоа е надвор од моја контрола. Таа е добра пријателка, напиша Иги, откако ги обвини медиумите да предизвикуваат разправии меѓу неа и Бритни.

Но, и покрај обидите на Иги да ги смири страстите, очиглено нејзините изјави не и се допаднаа на Бритни па преку Твитер ја обвини дека таа е одговорна за откажувањето на турнејата.

– Не можам да дочекам да се вратам во Вегас. Многу сум благодарна што имам настапи до крајот на годината, на кои се радувам, напиша Бритни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.