Следи нѐ
To Top

Киненскиот ѕид исчезнува: Локалното население краде градежен материјал од ѕидот

Околу 30 отсто од Кинескиот ѕид, односно 1.962 километри од градбата, исчезнаа затоа што локалното население краде градежен материјал од ѕидот, кој потоа го продава или гради куќи од него.

Големиот Кинески ѕид чија изградба траеше повеќе од две илјади години изгуби скоро 30 отсто од својата должина и повеќе не е видлив со голо око од Вселената, затоа што локалното население неговите тули, камењата и плочите ги користи за изградба на куќи, се наведува во официјалната студија објавена во кинеските весници.

реклама

Во студијата на Агенцијата за државен имот на Кина се наведува дека 1.962 километри од ѕидот исчезнаа, а дека 1.200 километри од оваа монументална културно-историска градба долга околу девет илјади километри е во многу лоша состојба.

– Локалното население кое живее во околината на Кинескиот ѕид имаше обичај да користи тули од ѕидот за градење на сопствените куќи, додека некои делови биле уништени или пропаднати поради урбаното ширење на градовите и изградбата на патишта, изјави Ченг Далин, експерт на Комисијата за проучување на Кинескиот ѕид.

Казните за кражба на градежен материјал од Кинескиот ѕид се големи, тие можат да достигнат вредност и до една илјада евра (пет илјади јуани), објави весникот „Фигаро“.

– Но, недостига организација за примена на регулатива за казнување, објасни еден од лидерите на Кинеската агенција за заштита на државниот имот Џа Халин за „Глобал тајмс“.

Поради отстуство на казнување, некои жители од селото во покраината Хебеј во близина на Ѕидот продаваат плочи од ѕидот по цена од 4,3 евра по парче.

Кинескиот ѕид не е довршен, а граден е во разни периоди, почнувајќи од третиот век пред новата ера.

Се проценува дека доколку се пресметуваат исчезнатите делови како и форми од природниот релјеф дека должината на ѕидот е околу 21.000 километри.

Ѕидот со векови е уништуван со изградба на сообраќајници, фабрики и железнички шини.

Каменот, тулата и другиот градежен материјал постојано исчезнуваат од градбата, а особено тоа беше очиглено во текот на Културната револуција (1066-1977).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.