//
Следи нѐ
To Top

Со само еден билет ќе може да се возите во сите автобуси на ЈСП

Со само еден билет ќе можете да се возите во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или пак на приватните превозници.

Советниците за весникот велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби, пренесува весникот Вест, а пишува Курир.

реклама

Со ова на граѓаните ќе им се овозможи со еден билет да се возат во кој сакаат автобус, без разлика дали е приватен или на ЈСП со што ќе им се намали времето на чекање.

Предлогот треба да се најде на една од следните седници на Советот на Град Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: