Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АЕК на Табановце ќе ги информира граѓаните за пониските цени за роаминг

Актуелно

АЕК на Табановце ќе ги информира граѓаните за пониските цени за роаминг

Граѓаните кои патуваат во соседните земји каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, денеска на граничниот премин Табановце ќе бидат информирани за условите и начинот на користење на роамингот. 

Надлежни од Агенцијата за електронски комуникации и директорот на Агенцијата Роберт Ордановски ќе информираат за новите поволни цени, како за начинот на избегнување на високите сметки кои се чести при патувањето.

Одлуката за пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина и Црна Гора почна да се применува од вчера.

Според договорот, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а  ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување. Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.