//
Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: „Совршен крај“ – новиот спот на Тамара Тодевска

Најновиот спот на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“ помина без нејзино учество. Во спотот игра докажаната актерка од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски.

Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотов раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена.

реклама

Спотот е во реализација на Горила Филм – преку новиот закон за субвенционирани композиции.

Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц.

Од Горила продукција најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долго очекуваниот албум „Еден Ден“, а концертната турнеја започнува претстојниот викенд во Неготино – Клуб Хавана.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: