Следи нѐ
To Top

Во 15 сообраќајки вчера во Скопје 9 лица повредени, пајакот дигнал 73 возила

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден возач на мотоцикл.

реклама

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден сопатник, а со полесни двајца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин. Од нив, на 17 покрај поканата за наплата на глоба, издадена им е и покана за сообраќајна поука, осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и пет возачи кои со возилото непрописно престигнувале.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот коишто сториле прекршоци во својство на пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објект „Расадник“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.

Денеска со почеток во 21 часот и 5 минути на Националната арена „Фили Втори Македонски“ во рамките на Лигата на Европа ќе се одржи меѓународен фудбалски натпревар помеѓу Шкендија и Абердин, Шкотска. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.