Следи нѐ
To Top

Робот уби човек во фабрика на „Фолксваген“

Во фабрика на германската автомобилска компанија „Фолксваген“ во градот Баунтал еден човек смртно настрада кога роботот од производствената линија го зграпчил и го удрил во метална плоча.

– Загинатиот маж (22) не бил вработен во „Фолксваген“, туку дел од тимот кој го составувал роботот, изјави портпаролот на фабриката Хеико Хилвиг.

реклама

Тој посочи дека прелиминарните резултатите од истрагата покажале оти за причина за несреќата е човечка грешка, а не проблем со роботот, кој може да се програмира да врши различни задачи во производствениот процес.

Хилвиг додаде дека роботот бил задолжен да зема автоделови и да ракува со нив.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.