Следи нѐ
To Top

Шопинг до полноќ овој викенд во Скопје Сити Мол!

Дводневното шопинг искуство, овој викенд ќе биде настан кој не смее да се пропушти. И оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржи на 3ти и 4ти јули 2015 година.

Возбудливата и примамлива програма започнува на 3-ти јули, со програма на малата сцена сместена внатре пред Плеј кафе, додека големата сцена се наоѓа на платото пред Тренд кафе.

реклама

На големата сцена надвор, програмата започнува од 19 часот, во петок, 3-ти јули со настап на Дј во придружба на најпознатите саксофонисти кај нас.

Во 21 часот ќе започне долгонајавуваното Beachwear Fashion Show со најзгодните модели во придружба на Sound Messengers. Тумбао Салса Бенд имаат настап во живо од 22 часот, а веднаш по нив атмосферата ќе ја надополни дј сет подготвен од најдобрите дј од Сити радио.

Online Invitation Late Night Shopping - Skopje City Mall

На малата сцена внатре во трговскиот, од 18 часот, забавата почнува со најпознатите дј од Сити радио, во 21 часот ќе настапат Азафран Микс и бројни танчерски групи. Во 23 часот забавата продолжува со најдобрите македонски дј.

Програмата ќе продолжи и во сабота, на 4-ти јули, на малата сцена со почеток од 12 часот со музика и танчерски групи кои никого нема да остават рамнодушен. Македонските експерти за забава, ConTry Dj настапуваат од 18 часот, од 21 часот посетителите ќе може да уживаат со Азафран Микс, а веќе од 23 часот за забавата ќе бидат задолжени ДЈ од Сити Радио.

Покрај уживањето и забавувањето, сите посетители ќе може да си направат шопинг во своите омилени продавници и брендови по намалени и ниски цени. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.

Да се напомене дека до Скопје Сити Мол има бесплатен превоз со панорамски автобуси, кој ќе се обраќа по траса на бр.15.

Ги повикуваме оние кои се подготвуваат за летото, на 3ти и 4ти јули да дојдат во Скопје Сити Мол да уживаат во програмата до полноќ и попустите кои ги нудат брендовите во најголемиот шопинг центар во Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.