Следи нѐ
To Top

Nike ве предизвикува да ја пронајдете вашата брзина ова лето

Како што знаат сите кои редовно трчаат, да се стане побрз не е лесно.

Nike кампањата “Пронајди ја својата брзина” ги спојува заедно најбрзите светски атлети за да ги инспирираат спортистите да трчаат или да тренираат со својата најголема брзина ова лето.

реклама

Без разлика дали се подготвувате за својот прв километар или се обидувате да го надминете својот личен рекорд, вие ова лето ќе бидете инспирирани да станете побрзи.

За музиката во видео спотот за кампањата “Пронајди ја својата брзина” се погрижи Нил Бренан, ко-креатор на Шапел шоуто (The Chappelle Show), а во брзите испреплетени секвенци се појавуваат Мајкл Џонсон – еден од најбрзите луѓе на планетата, Шели-Ен Фрејзер-Прајс – најбрзата жена на светот, најбрзата реклама со Коби Брајант, светски познатиот магионичар Дејвид Блејн, Брзата Птица Итрица и пар од најбрзите Nike патики за трчање – Nike Air Zoom Elite 8.

– “Да се биде брз може да значи да се победи противникот на лице место или да не му се дозволи да ја заземе посакувана позиција“ – објаснува Коби Брајант за важноста на брзината на кошаркарскиот терен.

Предизвикот започнува на 6ти јули како и првиот тренинг на првиот Мастер тренер, a тренингот на Мари Пурвис, наречен како “спремен-на позиција-ZOOM” (ready-set-ZOOM), започнува на 7 јули.

Потоа, на секои две недели ќе биде лансиран нов тренинг од различен Nike Мастер тренер, нагласувајќи ги различните видови на тренинг кои треба да ве подготват да бидете побрзи, како на пример тренинг со висок интензитет, јога и тренинг за зголемување на силата.

На 30ти август, ќе бидете предизвикани да трчате најбрзо што можете заедно со Nike+Run Club и елитата светски спортисти забрзувајќи кон победата во Пекинг.

Информирајте се за Предизвикот: Пронајди Ја Својата Брзина преку следење на известувањата од Nike sport feed на NTC апликацијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.