Следи нѐ
To Top

Над 40.000 посетители дневно ќе го посетат Егзит фестивалот!

Во роденденското издание, покрај настапите на омилените светски ѕвезди на најголемите бини на фестивалот, Exit подготвува и лепеза од славни стејџови низ Петроварадинска тврдина.

Оваа година нѐ очекува топло и суво време во периодот на Exit, па тропските ноќи дополнително ќе ги вжештат врелите танцови чекори на „OTPleši Latino“ (Одиграј Латино) бината, како и неизбежниот „Positive Vibrations Reggae Stage“ (Позитив Вајбрејшн Реге Стејџ), фамозното место за средби и фестивалскиот Плоштад на мирот и љубовта. И оваа година, двете бини ќе претстават бројни странски гости и добри домаќини.

реклама

Егзотичните танци и музиката која ќе ги разигра и најскептичните, се наоѓаат на една од најживите бини, чие име повикува на вистинска акција – OTPleši Latino!

Полн со енергија и тропски кореографии, овој стејџ го предводи најразиграниот член на Exit екипата, кубанскиот мајстор на танцот Чома Сумба Гарсија, кој публиката четири ноќи неуморно ја учи на новите танцови чекори со гласните латино ритмови на изведувачите и танчерите од сите делови на светот!

Одиграј Латино, вдиши длабоко, па Отпеј Караоке, како што гласи и слоганот на сега веќе добро познатата бина на Exit (OTPevaj Karaoke) која посетителите инспирирани од пејачките ѕвезди како што се Emeli Sande, John Newman, Tom Odell и бројни други ѕвезди на Exit, ќе ги стави во самиот центар на фестивалскиот провод со микрофон во рацете, по стариот добар принцип: „Покажи што знаеш, Exit тобоганот е твој“! Во духот на роденденската прослава, оние кои ќе споделат љубов со својата пејачка храброст ги очекуваат и бројни изненадувања, подароци и вредни награди.

unnamed (10)

Exit оди кон историски рекорд – уште сега има над 40.000 посетители по ден на Петроварадинска тврдина!

Остануваат уште неколку дена до големата прослава на 15. роденден на Exit фестивал, а веќе е извесно дека секоја вечер низ капијата на Петроварадинска тврдина во Нови Сад ќе поминат најмалку 40.000 посетители!

Кога се во прашање петок 10. и сабота 11. јули, се очекуваат рекордни 50.000 луѓе дневно, како и досега најразновиден состав на публиката од целиот свет. Оваа година на Exit доаѓаат гости и уметници од сите шест континенти, од Аргентина до Нов Зеланд, од Русија до С.А.Д.

Оваа година веќе традиционално честите британски гости според бројките ги достигнуваат и гостите од Холандија, Франција, Белгија, Италија, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Романија и Германија, како и новите посетители од скандинавските земји. Бројни гости од сите земји од Вардар до Триглав и ова лето се собираат на едно заедничко место, официјалниот град кандидат за Младинска престолнина на Европа – Нова Сад.

Големата Exit Авантура и новото, незаборавно фестивалско летување може да почне со едно од најсилните програмски изданија досега!

За време на четирите дена и ноќи на Exit и исто толку на Sea Dance фестивалот, ќе настапат Mötorhead, The Prodigy, Manu Chao, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Hardwell, Emeli Sandé, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Wilkinson, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Artan Lili, Zoster и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Двете главни бини, Dance Arena, Dance Paradise, Fusion, Explosive, No Sleep Novi Sad, OTPleši Latino, Positive Vibrations Reggae, Future Shock, Urban Bug, World Chill-Inn, Silent Disco и бројни други бини и фестивалски зони, заедно со камповите на Exit Авантурата кои се отвораат на 7. а се затвораат на 20. јули, ќе приредат уште поатрактивно фестивалско летување, единствено од овој вид во цела Европа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.