Следи нѐ
To Top

Успешниот настан ,,Месецот на спорт” ја напиша победничката приказна

Изминатите 45 дена, ,,Месецот на Спорт” беше настан кој ги обедини сите бизнис единки кај нас, сите компании кои се натпреваруваа и се докажуваа кој е подобар.

Во спортскиот центар „Форца“ , и СЦ ,,Борис Трајковски”, се одржуваа разни натпревари помеѓу пријавените компании. Уникатноста на овој настан е во компаниите и спортскиот дух на нивните вработени.

реклама

Вчеравечер во спортскиот центар „Форца“, се наградија најдобрите, се дружеа сите учесници и уживаа во пријатната атмосфера на финалниот ден на ,,Месец на спорт”.

– „Од голем број на пријавени екипи, над 1000 учесници, во 8 спортски дисциплини, најдобрите победија, но најважно од се’ е учеството, дружењето и убавите моменти поминати на терен, со многу адреналин и желба за победа. Но, овде спортскиот центар Форца не застанува, од септември започнуваме со бизнис лигата во фудбал и новитетот за оваа сезона, е бизнис лигата во Баскет која што ќе трае цела година, а за која што постои голем интерес.“ – изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и Директор на Месец на Спорт.

Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, видни македонски компании, учесници од сите сектори на македонската економија, се натпреваруваа во 8 спортски дисциплини, што е причина плус за големиот интерес и докажување кој е најдобар. Прво наградените добија вредни награди кои ќе можат да ги искористат летово и да одморат од спортскиот период полн со адреналин и натпреварувања.

„Месец на спортот” е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените, кои на рекреативен начин се спортувааше и докажуваше кој во која спортска дисциплина е најдобар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.