Следи нѐ
To Top

Ветерни електрани „Богданци“ почна со редовно производство на струја

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси.

Во посета на паркот денеска беше претседателот на Владата Никола Груевски  и директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.

реклама

Во периодот од вклучувањето во пробна работа во април лани, до почетокот на јули годинава, овој капацитет е прв што користи ветер како погонска сила иако во тест производство кон електроенергетскиот систем на земјава испорача над 135 илјади мегават часови електрична енергија.

Во паркот има 16 ветерници чие поставување заврши на 20 февруари минатата година, со што и официјално беше заокружена најтешката етапа од изградбата. За успешна реализација на проектот пред фазата на монтажа на ветерниците беа изградени 20/110 киловолтна трафостаница, 110 киловолтен далековод во должина од 11,8 километри, пристапни патишта, изградба на приклучно поле во КС 110/35/10 киловолти во Валандово и изградба на командна зграда.

Овој енергетски капацитет само во првите 11 месеци од работењето го испорача проектираното годишно производство од 100 илјади мегават часови.

Во првата половина од годинава ветерниот парк „Богданци“ произведе 65 илјади мегават часови електрична енергија односно 70 отсто од вкупно планираното производство за годинава. Паркот на ветерници со производство од најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на преку 60 илјади граѓани на Република Македонија или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар. Во основа годишното производство од овој капацитет е речиси еднакво на потребите на потрошувачите од Богданци, Гевгелија и Дојран.

Со овој ветерен парк се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на АД Елем за 36,8 мегавати.

Паркот на ветерници „Богданци“ е капацитет вреден 55,5 милиони евра.

Во рамки на посетата на Богданци и Дојран попладнево премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба  на повеќенаменска сала во селото Николиќ, а потоа ќе ја посети и општина Дојран.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.