Поврзи се со нас

Популарно.мк

Денеска променливо време, од утре сончево и многу топло со тропски температури

Актуелно

Денеска променливо време, од утре сончево и многу топло со тропски температури

Времето во Македонија претпладне сончево, a попладне со умерена локална облачност. Во крајните североисточни делови, можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. 

Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 34 степени.

Од понеделник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која во наредните денови ќе услови надпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде во среда и четврток кога на повеќе места температурата ќе надмине 36, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 40 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.