Поврзи се со нас

Популарно.мк

Три годишно дете загина во сообраќајна несреќа кај скопско Рашче

Актуелно

Три годишно дете загина во сообраќајна несреќа кај скопско Рашче

Три годишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи околу 12 часот, во близина на мостот кај скопско Рашче. Уште едно 4 годишно дете со тешки повреди е пренесено во Ургентниот центар.

Локалните жители кои постојано се во нивите покрај патот велат дека овој дел од патот е многу ризичен поради можноста за развивање на голема брзина но и тесниот пат кои многу често се причина за сообраќајни несреќи.

Сообраќајот кон Рашче во моментот се движи отежнато бидејќи полицијата го контролира теренот но и поставеноста на возилата го блокира нормалнотот движење.

Причините за сообраќајната несреќа во која едно девојче загина а неколку лица се повредени, од МВР велат дека допрва ќе се утврдуваат.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.