Следи нѐ
To Top

Финале на „Пинковите ѕвездички“: Марија прва, Трајче на чекор до победата

Марија Сердар вчеравечер беше прогласена за најдобра ѕвездичка на Пинк, а нашиот Трајче го освои второто место во ова детско натпреварување.

Иако публиката остана зачудена поради терминот и времетраењето на детското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ кое траеше до раните утрински часови, сепак тоа не беше причина Трајче Горгиев и останаите кандидати да останат упорни до крај во борбата за ѕвездичката на Пинк.

реклама

Со извонредни настапи на бината на „Ѕвездичките на Пинк“ ова момче од Струмица уште еднаш го докажа македонскиот талент.

Ги помина првиот, вториот, третиот и четвртиот круг по што се соочи со Марија Сердар во супер финалето. Настапи со песните „I just called to say i love you”, „Јано мори“, „I who have nothing“, „Pray“. Но, Марија беше прогласена за победник. И таа го покори Балканот со својот вонсериски глас.

Во продолжение погледнете го неговиот настап:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.