Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Нема интимност, нема слобода!

Моќта на медиумите се надминува, медиумите веќе не се свесни колку им се може! Се што не постои на медиумските канали како да не постои во реалноста.

Телевизиите го трансформираат гледачот во воајер, а светот во реалност на тривијален спектакл. Дали се уште некој од редовните гледачи на популарните реални шоу емисии не го препознава сопствениот момент на вистината во Орвеловата порака преку романот „Животинска фарма“? Во неговиот роман животните имаат човечки особини, а на медиумските фарми е обратно! Во реалните шоу емисии се е релативно освен човечката глупост, таа е апсолутна, но до кога?

Медиумските влијанија и нивната перцепција се во коегзистенција. Обликувањето или ,,облекувањето,, на реалноста по вештачки медиумски пат е бесрамно соблекување на индивидуалноста и интимноста што е одземање на правото за слобода. Да се одрекнеш од својата интимност и приватност е психолошки проблем.

Достапната порнографија возрасните не ги трауматизира (некого и инспирира) но за децата може да биде фрустрирачка за цел живот.

Во една од првите емисии „Момент на вистината“ 60 годишен маж под детектор, рефлектори и пред сопствената жена и публика, храбро изјави дека спиел со малолетни девојчиња! Браво, доби аплауз и си отиде дома, со жена му под рака.

Трагичната хрватска хероина со солзи радосници прими чек од 206 000 евра затоа што „во име на љубовта“ општеше со туѓ маж пред очите на сопствениот маж и малолетниот син кои будно ја следеа на малите екрани. Можеби демократијата отиде дотаму децата да им се радуваат на еврата без оглед како се заработени? Можеби ќе отиде дотаму да се озаконат инцестот, педофилијата и бестијалноста како право на избор или слобода?

Немањето граница или мерка и погрешното поимање на демократијата под параванот на комерцијалните медиуми е видливо присутна опасност за невидливиот непријател на здравиот разум, глупавоста или интелектуалната инфериорност.

Контролата на интимноста со помош на камери и емисии, изнудување вистини во име на парите, јавни признанија како последна исповед и прочистување на гревовите…станаа наша реална лакрдија, трагикомични моменти на едно општество во кое како во гладијаторска арена гледаме како примитивизмот ја растргнува цивилизацијата! Кога не можеме да стасаме до сопствените животи влегуваме во туѓите, но опасноста е толку поголема колку моќта на медиумите!

Го чекориме ли ходникот на Кафка, секој секого кодоши и набљудува, ја живееме ли судбината на Јозеф К. од романот на Кафка, виновни без вина учествуваме во барањето на сопствена вина за да му помогнеме на системот да не елиминира. Активно глупавиме пасивно примајќи туѓи вистини пред да ја истражиме сопствената, пред да расудиме за неа со здравиот разум.

Не сакам да помислам што ќе беше со светот Хитлер да поседувал неколку медиуми, наместо мегафон!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќјули 5, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќјули 5, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќјули 5, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.