Следи нѐ
To Top

Во 10 сообраќајки во Скопје, 8 повредени лица

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед.

реклама

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 19 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, седум возачи кои поминале на црвено свело и шест возачи кои не отстапиле предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Санкционирани се и 15 возачи на мопеди и мотоцикли и шест пешаци кои сториле прекршок по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 59 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објект „Перуника 1“ и „Перуника“.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.