Следи нѐ
To Top

Вечерва започнува фестивалот „Егзит“: На главната бина настапуваат Cleаn Bandit и Emeli Sande

Вечерва започнува големата прослава на 15. роденден на фестивалот Егзит на Петроварадинската тврдина, а после синоќешниот пад на температурата во Нови Сад, прогнозата ветува одлично време за сите фестивалски вечери.

Официјалното отворање на фестивалот е во 19 часот, кога е предвиден ВИП коктел за претставниците на медиумите и познатите личности, а поради големиот интерес, капацитетот на фестивалот е проширен за уште 5000 нови влезници за секоја фестивалска вечер.

реклама

Според проценките, оваа година фестивалот Егзит ќе постави нов рекорд со што ќе биде домаќин на над 50.000 луѓе од целиот свет на дневно ниво.

Вечерва на главната бина настапуваат познатите Clean Bandit и Emeli Sande, но и многу останати познати изведувачи на големиот број бини на Петроварадинската тврдина.

Екипата на Популарно.мк ексклузивно ќе ве известува за атмосферата и сите случувања поврзани со најголемиот европски фестивал во наредните 4 дена!

За Популарно.мк од Нови Сад, Ѓорги Селков

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.