Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Спектакуларен старт на 15-то издание на Егзит со Emeli Sande и Clean Bandit

Фотографиите во оваа статија се во сопственост на Популарно.мк и е забрането секакво јавно користење и копирање без дозвола

Вчеравечер во Нови Сад официјално беше отворено 15-то издание на фестивалот Егзит кој оваа година се очекува да постави нови рекорди на посетеност.

реклама

Иако е познато дека првите фестивалски денови се секогаш за загревање, сепак публиката која во Нови Сад ја има од целиот свет го докажа токму спротивното!

Спектакуларната вечер на главната бина започна со Goblini и Eagles of Death Metal, а кулминација на вечерта беа Clean Bandit и Emeli Sande кои беа најавувани како едни од најголемите ѕвезди.

Sande кратко изјави дека ужива во својот престој во Србија и дека и е навистина драго што има можност да настапува пред многу гостопримливи и драги луѓе и најави дека повторно ќе се врати со свој голем концерт.

This slideshow requires JavaScript.

15 роденден на овој најголем европски фестивал беше одбележан со 10 минутен огномет кој го осветли небото над Нови Сад.

Освен главната бина, вчера посетителите на фестивалот имаа можност да се забавуваат и на останатите бини на Петроварадинската тврдина и да уживаат во различните ритмови на реге, латино, рок и останат вид на музика.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад од каде ви ја пренесуваме атмосферата и сите ексклузивни информации од фестивалот Егзит.

За Популарно.мк од Нови Сад, Ѓорги Селков

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.