Следи нѐ
To Top

ФОТО: Пуштен во употреба нов парк во општина Аеродром

Во присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и голем број граѓани, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска и официјално го пушти во употреба деветиот нов парк во општината кој се наоѓа спроти „Мајчин дом“.

Паркот, информира Коневски, е изграден на површина од околу 3.000 метри квадратни, со повеќе содржини како што се пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.

реклама

– Целокупната инвестиција чини околу 30 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на општина Аеродром, изјави градоначалникот Коневски.

Тој најави дека интензивно ќе се градат и нови зелени површини, а во моментот, истакна, се градат околу 90 илјади метри квадратни ново парковско зеленило. Досега, подвлече градоначалникот на Општина Аеродром, се изградени повеќе од 100 илјади метри квадратни зеленило.

Сите проекти, потенцира Коневски, кои се однесуваат во делот на зеленило, се реализираат во соработка со Владата на Република Македонија и со Градот Скопје, а целта е значително да се подобрат условите за живеење во Општина Аеродром.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, во оваа прилика ја нагласи добрата соработка со општина Аеродром, а како резултат на тоа, како што рече, се реализираните бројни проекти во делот на зеленилото.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.