Следи нѐ
To Top

20-годишно момче загина на фестивалот Егзит во Нови Сад

Момчето Никола С. (20) погина ноќта помеѓу петок и сабота кога паднал од тврдината каде се одржува познатиот Егзит фестивал во Нови Сад. Организаторите на фестивалот истакнаа дека момчето погинало кога го напуштил фестивалот, надвор од просторот каде фестивалот се одржува.

Портпаролката на Итната помош во Нови Сад, Мирјана Буршаќ, за Популарно.мк изјави дека лекарска екипа интервенирала на повик на полицијата кај ресторанот „Балкан експрес“, но можеле да констатираат само смрт кај момчето кое паднало преку заштитната ограда.

реклама

– „Длабоко сочувствуваме со фамилијата на погинатото момче. Несреќниот случај се случил надвор од просторот каде се одржува фестивалот. Според вчитувањето на времето на влезот, момчето многу малку се задржал на Егзит и откако го напуштил фестивалот тргнал во правец на Каменичкиот пат.

Во тек е увид на полицијата и се уште не се познати причините зашто момчето ја прескокнало оградата и другите околности околу овој несреќен случај кој се случи за време на одржувањето на Егзит фестивалот“ – известуваат од Егзит за Популарно.мк.

Организаторите соопштија дека сочувствуваат со фамилијата на погинатиот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.