Следи нѐ
To Top

Каролина Гочева на Егзит: „Македонскиот мелос е секаде сакан и почитуван!“

Вчеравечер на фјужн бината на Егзит фестивалот во Нови Сад настапи Каролина Гочева, единствена од македонските пејачи кои оваа година настапуваат на овој најголем европски фестивал.

И како за изненадување, пред сцената се бараше место повеќе, затоа што освен Македонците кои оваа година на Егзит ги има во најголем број досега, Каролина дојдоа да ја видат и посетители од Србија, Унгарија, Англија, но и од останите земји каде допрел македонскиот мелос.

реклама

– „Секако дека проектот „Македонско девојче“, првиот и вториот албум, со самото тоа што се инспирирани од богатиот македонски фолклор е доволно за презентација на Македонија и македонската музика. И ова не е првпат. Порано кога го изведував поп репертоарот, знаев да отпеам и некоја од старите македонски песни кои се најпознати и секогаш реакциите беа одлични. Така што не сум изненадена од реакцијата на публиката беше одлична, бидејќи македонскиот мелос насекаде е препознатлив , сакан и почитуван.“ – изјави Каролина за Популарно.мк.

Освен во странство, Каролина ова лето има концертна турнеја и низ Македонија:

– „Сега следуваат концертите во Битола, Охрид и Дојран, кои минатата година поради познати причини ги откажавме. 23 -ти сме во Битола, 24 -ти јули сме во Охрид, на 2-ри август сме во Дојран. Така што, повторно сте поканети доколку имате време.“ – за крај додава Гочева.

Во продолжение погледнете ја галеријата од нејзиниот настап на Егзит фестивалот:

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.