Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Спектакуларен финиш на Егзит со Capital Cities и Faithless

Над 50.000 е бројката на луѓе која вчеравечер официјално го затвори Егзит фестивалот во Нови Сад, кој оваа година го собори сопствениот рекорд на посетеност.

Први на главната бина се појавија позитивните и енергични Capital Cities кои својот настап го претворија во неверојатна журка на која се забавуваа присустните. На средината на нивниот настап на сцената се качија и организаторите на фестивалот и во еден момент главниот организатор Душан Ковачевиќ ја запроси својата девојка, со што се потврди и мотото на фестивалот „Споделување љубов на Егзит фестивал“, а сведоци на запросувањето беа и самите Capital Cities кои веднаш по романтичниот дел ја доведоа атмосферата до максимум со безвременскиот хит Safe and sound.

реклама

This slideshow requires JavaScript.

Пред настапот на Faithless публиката беше сведок на спектакуларен огномет со кој официјално се означи и крајот на четиридневното лудило наречено Егзит.

Кулминација на вечерта беше настапот на светски познатите Faithless за кои се собраа повеќе од 50.000 луѓе кои танцуваа од почетокот до самиот крај во ритамот на нивните хитови.

Забавата на Петроварадинската тврдина траеше до раните утрински часови на сите сцени, а посетителите со посебна енергија ги поминуваа последните часови на фестивалот. Утринава публиката и камперите од Егзит кампот, заминуваат од Нови Сад задоволни од четиридневната забава за која ќе се зборува наредните 365 дена, додека го чекаме најавувањето на новиот Егзит фестивал во 2016 година!

И ние, новинарскиот тим на Популарно.мк во Нови Сад, заминуваме носталгични, но и исполнети со среќа, затоа што бевме дел од најголемиот европски фестивал кој секоја година обединува повеќе илјадници луѓе во името на добрата забава и љубовта.

За Популарно.мк од Нови Сад, Ѓорги Селков

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.