Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Тамара Тодевска го промовираше новиот албум „Еден ден“

Синоќа во кругот на своите најблиски Тамара Тодевска по цели 11 години го промовираше својот втор албум насловен „Еден ден“.

На албумот се најдоа 13 композииции меѓу кои 5 нови “Врвот е дно“, “Фрази љубовни“ со ДНК, “Промена“ со Тони Зен, “Трофеј“, “Баш на тебе“, пијано верзија на “Тажна љубов, среќна песна”, и веќе добро познатите “Готово е”, “Брод што тоне”, “Тажна љубов, среќна песна”, “Тешко без тебе“, “За миг“, “Залудно е“.

реклама

На албумот работеа еминентни музички имина како Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо.

Албумот е во издание на Горила продукција која изминатите 4 години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска и истиот ќе биде во продажба од 15.07 во сите “Тинекс“ маркети и музички продавници по промотивна цена од 299 денари.

This slideshow requires JavaScript.

Промоцијата се одржа во ресторанот “Атланта“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Армент Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски.

– „Луѓе јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го спремавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно“, изјави Тамара.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.