Следи нѐ
To Top

ФФМ одреди популарни цени за натпреварот Македонија – Шпанија

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок ги одреди цените за квалификацискиот натпревар што Македонија на 8 септември во Скопје треба да го игра со Шпанија.

Цената на билетите се движи од 150 денари за Источната и Западната трибина, 300 денари за Северната и Јужната трибина и 400 денари за ВИП местата.

реклама

– ФФМ се реши за овие популарни и исклучително ниски цени со цел да овозможи овој натпревар во живо да го гледаат што поголем број на љубители на фудбалот и тоа на ден кој е посебен за македонскиот народ, 8 Септември, ден на независноста на Македонија. На 8 септември сите на стадион, заедно да навиваме и да ги бодриме нашите репрезентативци, стои во соопштението на ФФМ.

Овие се промотивни цени за купени билети до 25 август 2015 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.