Следи нѐ
To Top

ФОТО: Исчистен просторот пред Владата

Екипи на повеќе јавни градски претпријатија, по налог на Град Скопје, започнаа акција за расчистување на просторот пред објектот на Владата на Република Македонија по заминувањето на лицата кои престојуваа на булеварот Илинден.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена” го чистеа околниот простор и собраа над 30 кубни метри комунален смет и го транспортираа до депонијата Дрисла, а беа измиени и коловозните ленти на булеварот Илинден.

реклама

Стручните служби на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” извршија и увид на терен на состојбата на средишното зеленило на булевар Илинден, како и на околното зеленило, при што е констатирано дека е целосно уништено, како и системот за наводнување на зеленилото (систем капка по капка).

Како што информираат од Град Скопје, штетата на системот за наводнување на зеленилото е во износ од околу милион денари и ќе се реконструира во наредниот период.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.