Следи нѐ
To Top

Почнува Д фестивалот во Дојран

Најмалку десет пати поголема посетеност се очекува на годинашниот Д фестивал што почнува вечер во Дојран. Капацитетите за сместување, велат организаторите, се целосно пополнети, а интересот е огромен не само кај домашните, туку и кај странските гости.

Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна, Електрични оргазам и култниот Ману Чао се само некои од музичките артисти што ќе настапат на Д викендов. Фестивалскиот камп почнува попладнево, а главната сцена ќе биде отворена од 19 часот.

реклама

– Очекуваме рекордна посета. Камперите веќе го наполнија паркот на влезот во Стар Дојран – официјалниот фестивалски камп, а според проценките, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година. Најголемиот број доаѓаат од соседните земји, но на наше изненадување и задоволство, најавени се многу добредојдени посетители и од Западна и Централна Европа, изјави Владимир Лазароски од „Пасворд продукција“.

Тридневните влезници од денеска можат да се набават за 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари (за петок и сабота), додека цената за недела е 450 денари.

– Фестивалот чии билети се со најниска цена во цела Европа, има програма по светски стандарди и логистички е подржан единствено од општина Дојран, без дополнителни субвенции од ниту една друга институција, нагласува Лазароски.

Д фестивалот има три сцени на кои ќе настапат преку 30 артисти и бендови. Главната програма ќе се случува на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, т.н. Москито стејџ или втората фестивалска сцена е сместена во кампот и има посебна програма утре и задутре, додека третата сцена е резервирана за неколку десетици ди-џеи, а се наоѓа на едниот крај од кампот.

Организаторите најавуваат и дополнителна дневна програма: Граѓанската зона за акција, работилници, дебати, презентации, изложби, поетски читања, проекции, дискусии,…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.