Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Саша Ковачевиќ и Љубојна го отворија 13-тиот Пивофест

Насловна фотографија и галерија: Јовица Пауноски

Вчеравечер во Прилеп започна 13. издание на Фестивалот на пивото, скарата и добрата музика – Пивофест 2015.

реклама

Организаторите најавија рушење на рекордите, а според посетеноста и бројката на испиено пиво и изедена скара само на првата фестивалска вечер, оваа година ветува одлична забава и поместување на сите граници.

Мразот на фестивалската бина го скршија Слаткаристика, а официјалниот старт беше означен од страна на шармантниот водителски пар Маријана Станојковска и Жаре Димитриоски кои и во наредните три дена ќе бидат домаќини на публиката во Прилеп.

Потоа на сцената свој настап имаше Љубојна која пред публиката во Прилеп настапи со својот познат егејски мелос на „Твојте очи, Лено мори“, „Ти реков ми рече“ и многу други.

This slideshow requires JavaScript.

– „Се надевам на многу идни вакви лета на кои ќе си поминуваме убаво на Пивофест, и во прилика сакам да го поздравам градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој нѐ покани да гостуваме во Прилеп. Од тука, продолжуваме со настапите во Дојран, па на затворањето на Илинденски денови, што значи дека ова ќе биде работно лето за Љубојна, па во таа чест ги поканувам и сите пријатели да дојдат на нашите настапи“ – изјави Љубојна.

11768826_10203305590155460_829028755_o

Кулминација на вечерта беше двочасовниот настап на балканската ѕвезда Саша Ковачевиќ чии хитови беа добропознати на публиката која во моменти беше погласна и од самата музика.

– „Секогаш се радувам на настапите во Македонија и многу ја сакам вашата земја, затоа што ја имате најдобрата публика која секогаш ги пее моите песни. Се радувам на вечерашниот настап на Пивофест и сум сигурен дека и вие и посетителите од цела Македонија и Балканот вечерва се забавуваа.“ – вели пејачот Ковачевиќ.

11746035_10203305590075458_880008794_o

Вечерва забавата во Прилеп продолжува со настапите на Радиоактив, Заа, ДНК и Прљаво казалиште.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.